Овие места некогаш биле цивилизации, а денес никој не може да ги пронајде

Сподели со своите пријатели

По четиринаесет години работа во Светата земја, археолозите објавија дека го откриле библискиот град Ај, упориштето на Кананичани, кое според Книгата за судиите, го зазеле Израелците.

Loading...

Оваа не е единствениот град од културно значење откриен во последно време.

Во продолжение некоку градови кои се загубени и кои допрва треба да бидат откриени.

Елдорадо

Кон почетокот на 16 век, германските конкистадори Николаус Федерман и Георг фон Шпајер тргнале во потрага по Елдорадо, митскиот златен град во Венецуела. Не го пронашле, но се запаметени како први од многуте европски ловци на богатство во 16 век кои залудно се надевале дека ќе ја откријат познатата долина на златото. Тргајќи по златото (и циметот), Фрациско Орелјан, „ја открил“ реката Амазон (која го добила името по група војници кои го нападнале на тој пат“.

Напорите претжено на шпанските конкистадори да го откријат градот на златото биле базирани на нивните сознанија за користењето на златото во претколумбиски верски ритуали. Народот Чибча ги украсувал новоизбраните кралеви со злато пред да го сокријат ковчегот со златни предмети среде езеро во рамки на верскиот обред, а откритие на голема количина злато во близина на езерото Гватавита во 1545 само уште повеќе ги раширило гласините за тоа дека има уште.

Loading...

Кога Александар фон Хумболт ја посетил таа област во 1801 година проценил ека таму има злато вредно дури 300 милиони долари.

Археологот др. Лари Кобен, извршен директор на Иницијативата за одржливо зачувување, кој има богато искуство во ископување на градови на Инките, не верува дека во џунглите на Амазонија има „златни градови“ но верува дека митовите се базирани на вистински градови, чие откривање би можело да пружи важни информации.

– Неверојатната способност на древните култури да го урбанизираат непристапниот простор, ан кој тоа не би се очекувало, зборува многу за нивниот развој, технолошката стручност, социјалните и економски структури, смета тој.

Дилмун

Дилмун бил древен град во Персискиот залив, во кој луѓето зборувале семитски јазик. Прв пат се споменува во третиот милениум пред новата ера. Асиролозите (научници кои ја проучуваат културата на Блискиот исток кои користеле клинесто писмо) и истражувачи дознале за него во 19 век, откако биле преведеин текстови испишани со клинесто писмо. Најпознат е „Епот за Гилгамеш“ кој ја опишува приказната за поплавата во Месопотамија, која најверојатно ја инспирирала библиската приказна.

Според Александар Бутин, професор по антропологија на Државниот универзитет во Сонома, Калифорнија,, во тие текстови Дилмун е опишан како „мсто кое наликува на рај, а особено е познато по слатките води“. Поради тоа некои луѓе дури мислеле дека на тоа место се наоѓала рајската градина.

Loading...

Она што се знае врз основа на месопотамските текстови е дека Дилмун бил голем трговски апртнер на Месопотамија. Научниците некое време, не биле сигурни дека потенцијалниот Еденски рај воопшто бил цивилзиација. Поради илјадници гробови со кои е прекриен Бахреин, некои мислеле дека служел како нектропола во древна Месопотамија.

Оваа теорија подоцна била отфрлена благодарение на ископувањата на островот Бахрејн, објаснува експертот.

Физичката локација на Дилмун е предмет на спор веќе со децении, иако секогаш се претпоставувало дека е некаде во околината на Персискиот залив. Врз основа на рхеолошките истражувања меѓу 40те и 50те години од 20 век, денес се знае дека Дилмун се наоѓал на островот Бахрејн, иако изгледа дека зафаќало и делови од Кувајт, источна Саудиска Арабија и Катар, објаснува Бутин.

Баиае

Градот Баиае, на северот на Наполискито залив, служел од првиот век пред новата ера, па се до петиот од новата ера, на цареви и богати луѓе за одмор. Со оглед дека се работи за вулканско подрачје, најмалку половина од древниот град потонала во осмиот век пред новата ера.

Според др. Кристина Килгроув, проблемот не е во тоа што не знаеме каде се наоѓа, туку што не можеме да допреме до него. Сокриеното богатство „вилата на богаташите и ѕвездата на древното време“ привлекувала песници од 19 век, кои ги опишуваат изгубените чуда на Баиае. Се претпсотавува дека тука спаѓаат величествени уметнички дела, како фрески, артефакти и скулптури.

Loading...

На подарчјето се направени ископувања, а туристите денес можат да го посетата и подводниот археолошки парк. Според др. Килгроув, планирани се нови ископувања, кои тука во иднина би можеле да ни „помогнат да дознаеме повеќе за царевите и другите важни Римјани“.

Изгубениот град во пустината Калахари

Во 1885 година Гиљермо Фарини (псевдоним за Вилијам Леонардо Хант), поранешен забавувач на островот Кони во Њујорк, преминал дел од пустината Калахари, која до тогаш не била истражена. Фарини всушност трагал по дијаманти, а во книгата која ја објавил по враќањето, тврди дека наишол на рушевини од градби на непозната цивилизација. Покрај описите објавил и фотографии и цртежи, кои неговиот син ги направил за време на патувањето.

Легендата за изгубениот град во пустината Калахари заснована е на локалните легенти кои велат дека изградбата на градот е прекината затоа што подрачјето било негостопримливо.

Loading...

Кон почетокот на 20 век организирани биле 25 експедиции во потрага по тој град.

Во шеесеттите години, професорот А. Џ. Клемент тргнал по стапките на Фарини и открил збир на монументални камења, кои личеле на ѕидови кои ги правеле луѓе, но се испоставило дека станува збор за геолошка градба стара 180 милиони години.

Геолозите кои ги виделе споменатите фотографии тврделе дека се работи за долерит, вид магматска карпа, која во текот на ерозијатаможе да добие изглед на камен блок. Клемент заклучил дека Фарини открил природна формација на карпи, а дека мислел оти тоа се рушевини од град.

Во 2016 година „Travel Chanel“ финансирал експедиција во регионот кога биле откриени вештачки ѕидини и уметнички дела во областа која одговара на оспиот на Фарини.

Дали е е откриен избубениот град во пустината Калахари? Одговорот нат оа прашање допрва треба да се даде.

Loading...

Leave a Reply