Мечтаела да ја посети Африка, а кога конечно пристигнала ја киднапирале

Сподели со своите пријатели

Кимберли Су Ендикот од Калифорнија е една од двете лица кои за време на одмор на југозападот на Уганда биле киднапирани од вооружена банда, барајќи откуп од половина милион долари за нивното ослободување.

Loading...

Кимберли од Коста Меса во областа Оринџ, се возела во вторник навечер низ Националниот парк „Кралица Елизабета“ со својот води, кога бандата ги сопрела и киднапирала цело време држејќи ги на нишанот. Киднаперите преку мобилен телефон на жртвата го повикале хотелот во кој престојувала и барале 500.000 долари откуп. По неколку повици во кои ја барале споменатата сума, полицијата објавила дека нема да им биде платено.

Полицијата верува дека жртвите и натаму се во Уганда и соработуваат со безбедносните агенции и американската амбасата во Кампала на нивното ослободување, пренесува „Лос Анџелес Тајмс“.

Американската амбасата ги предупреди своите граѓани кои патуваат во Уганда да ја избегнуваат областа Ишаш. Сите излези долж границата помеѓу Уганда и Конго се затворени поради потрага по жртвите и киднаперите.

Во меѓувреме, пријателката на Кимберли, Пем Лопез изјавила дека нејзин сон бил да оди на сафари во Африка и да види горили.

– Го планираше овој пат долго време, затоа што отсекогаш сакаше тоа да го направи, вели таа.

Лопез од крајот на март не ја видела Кимберли која инаку работи како козметичарка. Но, знаела дека таа е на пат и ја следела преку „Инстаграм“.

На една од фотографиите Кимберли позира со четири вооружени војници кои ја чувале групата туристи.

Loading...

– Сигурно мислела дека е безбедна. Не можам да замислам што се случува моментално таму, навела Лопез.

Војската на Уганда вчера соопшти дека ги спасила Американката Кимберли су Ендикот која заедно со возачот беше киднапирана.

Претставник на властите на Уганда Офвоно Опондо на социјалните мрежи напишал дека таа и нејзиниот возач се ослободени.

Уганда минатата година имала рекорден број киднапирања, што предизвикало протести, а активистите тврдат дека силите за безбедност не работат доволно за заштита на населението.

Црниот рекорд би можел да го загрози туристичкиот сектор на Уганда, еден од најзначајните извори на странски приходи во земјата која во 2016 година од турзимот заработила 1,37 милијарди долари.

Leave a Reply