На селфито денес гледаме како на некоја нова појава, иако е старо како и самата фотографија. Се поставува прашањето постои ли нешто нездраво во оваа опсесија за привлекување внимание, не само кај оние кои прават селфи, туку и кај оние кои ги гледаат?
Изразот селфи во речникот на Оксфорд влегува во 2013 година, иако првата „селфи“ фотографија ја направил Американецот Роберт Корнелиус во 1839 година.
Во анализата за селфи со која се занимавал ВВС, авторот се прашува зошто имаме потреба да овековечуваме нешто што секое утро го гледаме во огледалото и забележува дека овој феномен сигурно би бил интересен за Зигмунд Фројд, авторот на психоанализата.
Една од честите теми на Фјрод бил нарцисизмот, карактеристика на личноста наречена по познатиот грчки мит за Нарцис. Кога тој на површинат ана езерото го видел својот лик, се вљубил во него. Од ден во ден тажно ја гледал водата и на крајот овенал од оваа несреќна љубов. Водените нимфи подоцна наместо него пронашле врска со цвеќе на кое му го дале името нарцис.
Фјорд вели дека самољубието е природна човечка особина, но тоа може да се претвори во психолошко пореметување кога некој се сака себе си до таа мера да ги исклучи сите други.
Психолозите развиле тест за да го мерат степенот на нарцисоидност на личноста. Врз основа на добиените податоци дошле до заклучок дека луѓето со повисок степен на нарцисоидност се многу поактивни на социјалните мрежи, а бројот на објавени селфиња во диреткен е размер со степенот на нарцисоидност, но само кај мажите. Жените, се помалку нарцисоидни од мажите, иако објавуваат повеќе фотографии.
Психологот Џин Твенге, проучувајќи ги податоците, дошол до заклучок дека последните децении нарцисоидноста кај луѓето расте по иста стапка како и претераната дебелина.
Фројд, којс воите истражувањ аги спроведувал набљудувајќи го секојдневниот живпт, сигурно би бил заинтересиран за оваа современа појава. Веројатно, вели авторото на ВВС, би заклучил дека нарцизмот станал дел од општата култура на живеење.
Исто така, веројатно би забележал дека луѓето објавуваат селфи не затоа што се вљубени во себе, туку затоа што сакаат сите останати да бидат вљубени во нив. Тој потребата за прифаќање и одобрување би ја оценил како невротична или хистерична.
Фјорд своите истражувања ги правел кон 19 век во време далеку од поголема сексуална репресија, кога жените и мажите биле учени да се срамат од својата сексуалност или уште полошо, уживањето во неа.
Многу пациентки на Фјорд од високото виенско општествопателе од „хистерична парализа“, односно, не можеле да одат без некакаква физичка причина. Фројд сметал дека со тоа, всушност, привелкуваат внимание.
Кога е во прашање општоприсутната појава за селфи, неминовно се наметнува дилемата дали постои нешто нездраво во оваа опсесија за привлекување внимание, не само кај оние кои се сликаат, туку и кај оние кои ги гледаат. Особено што на селфите луѓето претставуваат најдобра верзијаа на себе, внимателно ги бираат и средуваат.
Новите студии покажуваат дека поради фотографиите со совршени животи и тела со кои секојдневно сме опкружени, се чувствуваме позавидно, поизолирано, понесугирно и понеадекватно.
Со зборовите на Фјорд, туѓите селфи не прават невротични, се констатира во оваа анализа која потестува на неговите зборови дека „целта на психоанализата е да го замени невротичното патење со човечка несреќа“.
Затоа, следниот пак кога ќе посакате да направите селфи, сетете се на Нарцис и наместо селфи насочете се кон пријателите. Можеби нема да добиете толку лајкови колку што би сакале, но ќе го добиете одобрувањето на Фјорд и тоа би требало да биде доволно, се заклучува во тесктот на ВВС.