Вака изгледа човекот кој не се шишал скоро 6 децении (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Корисниците на социјалните мрежи ширум Кина го охрабруваат 70-годишниот човек да се пријави за Гинисов рекорд, откако на интернет започнале да кружат фотографии од неговата коса, дола 5,5 метри.

Loading...

Човекот кој своите коси ги држи завиткани околу главата тврди дека не се шишал веќе 54 години.

Необично долгата коса на овој човек станала позната на социјалните мрежи во Кина откако ќерката го одвела во еден фризерски салон, за да му ја измијат косата.

Снимила видео од персоналот во салонот како ги расплеткува долгите прамени, а потоа ги мие и суши. За тој процес биле потребни тројца или четворица луѓе и над три часа. Видеото го поставила на интернет, каде набгру станало вирално, со над 1,5 милиони прегледи во неколку дена.

Кога имал 23 години, Аке Јинзенг добил идеја, ако не ја сече својата коса, неговото семејство ќе биде здраво и од тогаш не се шишал.

Неговата ќерка на медиумите им открила дека во текот на доцните седумдесетти години, некој му понудил 570 долари за косата, но тој ја одбил понудата, затоа што рекол дека здравјето на семејството е поважно од парите.

Иако не е лесно да се носи толкава коса, особено кога го напушта домот, Аке Јинзенг вели дека се навикнал на тоа и одбива да прифати шишање.

Leave a Reply