Одредени руски убавици кои учествувале на изори за мис во текот на 90-те години, доживеале трагични судбини.
Една од нив била зависничка, а друга девојка на платен убиец.
1. Светлана Котова, финалистка за избор на Мис Русија 1996 година – убиена
Полицијата со месеци ја барала. Конечно во мај 1997 година, во близина на Атина, Грција, пронајден е куфер со делови од нејзиното тело. Приказната започнала година претходно.
Иако Светлана Костова не успеала да ја освои титулата најубава Русинка во 1996 година, се прославила како финалистка. Краиерата и тргнала на лоши и потпишала договор со московската модна агенција „Ред старс“.
Во декември 1996 година запознала необичен човек во еден ноќен клуб во Москва. Бил вистински џентлмен, учтив и богат. За неколку дена 22-годишната убавица се вљубила во најозогласениот руски платен убиец. Александар Солоник всушност бил барано лице во Русија и избегал во Грција, што сепак не го спречило повремено да ја работи својата „професија“.
Во јануари 1997 година Котова во агенцијата зела една недела одмор за да се посвети на својот љубовник во Грција, каде тој изнајмил неверојатно скапа вила и живеел во раскош.
Котова, на која тоа и било прво патување во странство, било во секојдневен котакт со своето семејство, но не и на 31 јануари, кога стариот „колега“ на нејзиниото момче, Саша Солдат, го псоетил љубовниот пар во вилата со намера да го убие Солоник. Котова била убиена како сведок. Делови од нејзиното тело биле пронајдени во куфер во близина на Атина четири месеци подоцна.
2. Александра Петрова, победничка на избор за Мис Русија 1996 година – убиена
Со само 16 години ја освоил титулата најубава Русинка. Се натпреварувала за круната против финалистката Светлана Котова, и ја однела победата и популарноста, но и проклтеството очигледно.
За само неколку години Петрова бргу напредувала во манекенството, но не ја пронашла вистинската љубов. Се се сменило кога го запознала 35-годишниот Константин Чувилин во својот роден град Чебоксари. Тој бил успешен претприемач и криминалец кој ги контролирал локалните пазари. Го опишуваат како највлијателен член на криминалната банда која својот профил го инвестирала во легални бизниси.
Во секој случај, Чувалин бил главна цел на убиец кој го чекал љубовниот пар и уште двајца бизнисмени на скали на станбен комлекс во Чебоксари. Заталкан куршум ја погодил Петрова. 19-годишната Мис Русија починала на патот кон болницата само два дена по својот 20 роденден, пренесува „Russia beyond“.
3. Ана Малова, победничка на избор за Мис Русија 1998 година – приведена
Ана Малов ја однела круната најубава Русинка за 1998 година кога имала само 27 години. Многу брзо по својот голем триумф Малова влегла меѓу десет најубави девојки на натпреварот за уавина Мис Универзум на Хаваи.
– Нема разлика меѓу луѓето од млада генерација, затоа што сите сакаат исти работи, сакаат да излегуваат, сакаат ноќни клубови, уживање во исти работи, рекла скромната русокоса кога водителот ја прашал што имаат заедничко Русија и Гана.
Малова можеби и премногу сакала ноќни излегувања. Кралицата на убавината потпишала договор со американска агенција за моделинг и се преселиле во САД. Набргу започнале нејзините проблеми со дрогата и Малова повеќе пати била приведувана, затоа што крадела лекарски рецепти, поради ситни кражби и поради напади на други пациенти на медицинската установа со специјализирани проблеми со зависноста.
Малова последен пат била приведена во 2011 година и ослободена во 2013 по рехабилитација.