Ново научно истражување покажува дека Канада се загрева двојно побрзо во однос на остатокот од светот, при што најдрастични промени се забележани во температурите во канадскиот Арктик.
Во извештајот на канадската влада за климатските промени се предурпедува дека промените веќе се очигледни во многу делови на земјата и дека се предвидува нивно засилување, пренесува ВВС.
Најголема промена претрпел канадскииот Арктин и тој ќе продолжи да се загрева многу побргу од светскиот просек.
Во извештајот се проценува дека просечната годишна температура во Канада во однос на 1948 година се зголемила за 1,7 степени.
Најголемо зголемување имало на северот, во Канадска прерија и во северниот дел на Британска Колумбија.
Температурите во северните делови на Канада се зголемени за 2,3 степени во однос на просечната температура од 1948 година.
– Додека човечката активност и природните промени во климата допринеле за загревањето во Канада, човечкиот фактор е доминантен. Најверојатно е дека повеќе од половина од затоплувањето е производ на човечка активност, се наведува во извештајот.
Извештајот е објавен откако владата уведе данок на јаглен за четири од десет канадски покраини кои не успеале да изградат планови за броба против климатските промени.
Ефектите од глобалното затоплување вклучуваат и поекстремни температури, а повисоки температури на воздухот би можеле да значат и повеќе топлотни бранови и поголем ризик од шумски пожари и суши во некои делови од земјата.
Во извештајот се наведува дека океаните би можеле да станат покисели и со помалку кислород, што би можело да му наштети на животот во морето.
На брзото затоплување влијаеле и бројни фактори, меѓу кои намалување на снегот и морскиот лед, што зналитечно ја зголомеило апсорпцијата на соларна радијација и предизвикало поголеми затоплување отколку во другите краеви.
И покрај предвидувањата во извештајот се укажува дека количеството на затоплување би можело да биде ограничено, ако на глобално ниво се преземат акции за драстично намалување на емисите на јаглерод диоксид на ниво близу нула кон почетокот на втората половина од векот, како и значително намалување на емисијата на други гасови со ефект на стаклена градина.
Канада е една од 200 земји кои го потпишаа парискиот договор за климатски промени, а владата на таа земја рече дека ќе настојува да ја намали емисија на штетните гасови до 2030 година за 30 отсто.