Мајкрософт ја затвори својата библиотека со електронски книги. Од 2 април 2019 година книгите не можат да се додаваат во библиотеката, а од почетокот на јули, повеќе нема да може и да се читаат.
Од вчера не постои можност за купување или изнајмување, ниту поставување рецензии за нови книги. Сепак оние кои досега се купени остануваат достапни до јули и можат нормално да се читаат. По тој датум, компанијата објави дека на сите корисници кои купувале книги ќе ги чува во библиотеката, или ќе им понуди враќање на парите.
Мајкрософт не објави причини за ваквиот чекор, но се претпоставува дека желбата е фокусот да се насочи кон апликациите. Постои и техничка страна која можеби стои зад оваа одлука.
„Edgebrowser“ беше идеален за читање на електронските книги, но тоа наскоро ќе се измени, кога ќе се префрли на Chromium. Со други зборови, во иднина нема да има толку можности Мајкрсофот да се соочи со Амазон и останатите големи играчи во продажбата на книги. Притоа, веројатно процениле дека од тоа нема да имаат голема финансиска корист, па одлучиле едноставно да се откажат од тој сегмент на пазарот.