Граѓаните на Република Северна Македонија лани потрошиле вкупно 133,7 милиони евра онлајн што е за 23,8 милиони, односно 17,8 отсто повеќе во однос на 2017 година.
Претежно се купувало од странски вебс траници, покажува Анализата на Македонската асоцијација за е-трговија.
Околу 64 отсто од вредноста на трансакциите преку платежните картички биле реализирани во странство, а останатиот дел за трговци од домашниот е-пазар.
Бројот на трансакции реализирани во 2018 година во однос на места на продажба во Македонија, бележи раст од 132 отсто, односно реализирани биле вкупно 120.291 трансакција или изразено во пари, вкупно 5,4 милиони евра се влеале во земјава преку онлајн купување од странски земји.
Според статистиката на Народната банка лани биле реализирани вкупно 5.435.285 онлајн трансакции, односно 21 отсто повеќе од 2017 година.