Триесетгодишниот Навдип Синг Рандава останал без работа затоа што малку се „заиграл“ на аеродромот Хитроу во Лондон, возејќи БМВ М6 со брзина од 230 километри на час.
Мандава паркирал автомобили на аеродромот, но со еден одлучил малку да се забавува по што ја изгубил и возачката дозвола од која му зависи работата.
Како што известува „Фокс Њус Ауто“, судија одлуката за одземање на дозволата ја донел во неговот отсуство, а Мандава се обидел по писмен пат да се оправда.
Освен тоа казнет е и со 630 фунти.
Во своето „оправдување“ навел дека не можел да одолее затоа што „не видел многу патеки како што е оваа“, но судијата не „наседнал“ на тоа и го зел предвид фактот дека Мандава претходно шест пати бил казнуван.
Во моментот кога бил стопиран, на полицијата и рекол дека минува низ тежок развод и дека се бори со депресија.
Неговите мобли до судот не вродиле плод, па ќе мора да бара друга професија за која не му е потребна возачка дозвола.