Американец се обидел да украде дел од шини во Аушвиц

Сподели со своите пријатели

Полската полициска претставничка Малгорзата Јурецка изјавила дека еден американски посетител на поранешниот логор на смртта, Аушвиц – Биркенау се обидел да украде метален дел од железничките шини каде затворениците биле истоварани.

Loading...

Јурецка, портпаролката на полиција во јужниот полски град Освенчим, кој бил пдо германска окупација во Втората светска војна, изјавила дека 37-годишен маж е обиден за обид за кражба на предмети од културно значење. Овој злочин може да се казни и со затвор до 10 години, пренесува АП.

Таа додала дека обвинетиот признал вина.

Спомен-локацијата во последните неколку години во повеќе наврати била соочена со кражба и вандализам.

Најдраматичен е случај од 2009 година кога е украден знакот со нацистичкиот слоган „Arbeit Macht Frei“ („Работата ослободува“) од главната капија на логорот на смртта. Знакот подоцна бил пронајден исечен на парчиња, пренесува агенцијата.

Leave a Reply