Јужнокорејската авиокомпанија „Кореан ер“ објави дека во нивните авиони повеќе нема да се служат кикириките, поради неодамнешен инцидент до кој дошло кога двајца браќа тинејџери не можеле да влезат во авионот поради алергија кон кикирики.
Родителите им рекле на медиумите дека нивните синови биле симнати од летот откако авиокомпанијата не била подготвена да се позанивама со нивната сериозна алергија на овој производ.
Браќата патувале од американскиот град Атланта на Филипини, но останале во јужнокорејската престолнина Сеиул затоа што компанијата не се сложила со нивното барање да не се послужуваат кикирики поради силната алерија на постариот брат.
Компанијата соопшти дека за неколку недели ќе ги исфрли од храната која се служи, што е минимална безбедносна мерка за оние кои се алергични на кикирките.