Какво време нѐ очекува во деновите кои следуваат?

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од североисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19 степени.

Loading...

Како што информираат синоптичарите при Управата за хидрометеоролошки работи, во следните денови ќе преовладува сончево време со мала облачност, а и утре ќе дува умерен до засилен североисточен ветер.

Утринските температури на места ќе се спуштаат под и околу нулата, а дневните ќе бидат во пораст.

Зголемување на облачноста со локален дожд се очекува од вторник попладне.

Leave a Reply