Убер објави дека го купува Карим, ривалската услуга за превоз која делува во 98 градови на Блискиот исток, во Африка и Јужна Азија, за 3,1 милијарда долари.
Њујорк Тајмс додава дека Карим ќе продолжи да работи како посебен бренд со Управен одбор кој се состои од компанија на претставници од Убер и Карим.
Карим е важна аквизација за Убер, кој неодамна се повлече од разни прекуморски пазари во Кина, Русија и југоисточна Азија. Со воспоставување на бизнис кој опфаќа 14 земји, карим ќе му пружи на Убер влез во земји во кои му недостасува значително присуство, како и на пазари како што се Ирак и Мароко, каде моментално не работи.
Се очекува дека Убер ќе излезе со иницијална јавна понуда следниот месец, со вредност од дури 120 милијарди долари. Меѓутоа, Ројтерс додава дека компанија изгубила 3,3 милијарди долари минатата година од на приходите од 11,3 милијарди долари, затоа што потрошила пари за субвенционирање на свотие возачи и патници за да стане поконкурентна на ривалие. Најбискиот американски ривал Лифт, кон почетокот на март објави дека излегува на берзата, со очекувана проценка за иницијална вредност до 23 милијарди долари.
Директорот на Убер, Дара Косровшахи рекол дека структурата на договорот ќе овозможи на Убер и Карим да изградат нови производи и да испробаат нови идеи, не во еден, туку во два силни бренда, но рекол и дека со текот на времето се очекува интеграција на делови на своите мрежи со цел зголемување на ефикасноста, намалување на времето на чекање и започнува нови производи како што се возила со поголем капацитет.
Аквизацијата, која се состои од 1,4 милијарди долари во готовина и 1,7 милијарди долари во обврзници, моментално подлежи на регулаторно одобрување.
Директорот вели дека очекува процесот да заврши до почетокот на 2020 година.