Начинот на денешниот говор кај повеќето луѓе делумно е формиран со тоа што одамна нивните предци престанале да јадат жилаво, сирово месо.
Познато е дека јазиците еволуираат со развојот и промените во општеството, но звуците кои ги изговараме се формираат со положбата на долната вилица, а ттоа зависи од начинот на џвакањето на храната, се наведува во студија објавена во магазинот „Саенс“.
Лингвистиката најчесто се фокусира на културните фактори, но според зборовите на еден од авторите на истражувањето „јазикот е и биолошки феномен“.
– Не можат целосно да се разделат културата и биологијата, рекол лингвистот Балтазар Бикел.
Научниците анализирале черепи на луѓе од Камено време и денешните луѓе и правеле симулации на влијанието на различната положба на долбата вилица на способноста на устата да произведуваат различни звуци. Анализата е направена врз база од околу 2.000 јазици, повеќе од четвртина кои денес се користат, за да се утврди кои звуци се користат помалку или повеќе и каде.
Заклучокот е дека групте кои подолго опстанале како заедници на ловци – собирачи многу помалку користеле согласки од заедниците кои порано преминале на земјоделство.
Пред заедниците да започнат да одгледуваат растенија и да готват храна, древните луѓе џвакале жилаво, сирово месо, што е многу напорно за вилицата и забите. Черепите ан луѓето од Камено време не изгледаат како денешните, со оглед дека забита во горната и долната вилица потоплно се преклопуваат додека кај поголемиот дел од денешнит елуѓе горните заби се наоѓаат понапред од долните кога устата се затворени.
Помеката храна не само што поинаку ја позиционира долната вилица туку ги менува и звуците кои лесно се изговараат. На пример, така многу полесно можат да се изговорат буквите „ф“ и „в“.
Научниците испитувале 52 јазици од т.н. индоевропска група, што опфаќа дијалекти од Исланд до Индија и заклучуле дека „ф“ и „в“ со времето се јавуваат во се повеќе јазици.
Идејата дека земјоделството го обликува јазикот пред повеќе децении ја има изнесено американскиот лингвист Чарлс Хокет, но никогаш не успеал да ја докаже.