Сопственик на ланец ресторани за брза храна, 33-годишниот Стефан Мандачи, кому му здосадила слабата патна мрежа во неговата област, приватно нарачал изградба на минијатурен автопат на личен трошок од 4.400 евра, пренесува ВВС.
Кампањата траела со недели со цел да предизвика реакција и достигне врв во петок кога е отворена оваа „делница“ од автопатот.
Романија има една од најкратките мрежи на автопатишта во АУ од само 806 километри за целата земја, иако територијата е скоро еднаква на Велика Британија која има околу 4.000 километри, наведува ВВС.
Британија притоа не е меѓу земјите на ЕУ со најголема патна мрежа, најмногу има Шпанија 16.000 километри, а следува Германија со 14.000, според податоците на Евростат.
Мандачи за ВВС рекол дека целта му е да го соедини населението околу целта да имаат автопатишта.
Автопатот на парцела во негова сопственост близу фрекфентниот главен пат симболично е изграден во Сучава, област без автопатишта.
Тој рекол дека регионот е единствен во Романија кој воопшто нема автопатишта.
– Немаме ниту метар автопат па одлучив да изградам еден метар и да докажам дека тоа е можно, рекол Мандачи за ВВС.
Сообраќајот на блискиот пат бил во прекин затоа што неколку стотини приврзаници се појавиле да присуствуваат на т.н. отворање на автопатот.
Имало и медиуми, како и возило на итната помош и пожарникарско возило додека мал авион прелетал носејќи натпис во кој се бараат автопати.