Значителен пад на температурите, потопло за викенд

Сподели со своите пријатели

Времето утринава е облачно, студено и ветровито со умерен, а на повеќе места засилен ветер од северен и северозападен правец. Има и локални врнежи од дожд, на планините од снег. Во западните делови и во пониските подрачја, на пример во Полог, како и во Пелагонија, утрово врне снег, велат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Како што додаваат синоптичарите на УХМР, во текот на денот ќе имаме претежно облачно време со врнежи од дожд, а на планините и во местата над околу 500 м.н.в со врнежи од снег.

Претпладнево повеќе врнежи ќе има во западните делови, а попладне ќе се задржат главно на југот од земјава. Ќе биде и ветровито со силен северен ветер, кој на места ќе достигнува брзина и над 90 км/час. Температурата ќе биде во интервал од 3 до 10 степени.

Утре ќе има преодна стабилизација со пониски утрински температури, а во четврток се очекуваат нови врнежи од дожд. Од петок ќе биде стабилно, за време на викендот сончево и значително потопло.

Leave a Reply