Под влијание на продор на студена воздушна маса денес во ноќните часови и утре ќе биде облачно со врнежи од дожд, а на планините и во местата повисоки од 500 м.н.в. со врнежи од снег, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Loading...
Како што додаваат синоптичарите при УХМР, ќе дува силен северен ветер, кој на места ќе достигнува брзина и над 90 км/час. Дневната температура значително ќе се намали, на повеќе места ќе биде за околу 15 степени пониска во однос на денешната.
Утре попладне врнежите ќе престануваат, а во среда ќе има преодна стабилизација.
Нови врнежи се очекуваат во четврток.