Чести се приказните за луѓето кои одлучиле да се откажат од комфорот, луксузниот стан, добро платената работа и удобностите на животот, за да патуваат низ светот и живеат како што велат самите со „полна пареа“.
Еден од нив е Дин Шнајдер од Швајцарија, кој работата финансиски експерт ја заменил со дружење со животни во Африка.
Пред повеќе од година дена Шанјдер собрал доволно храброст да се откаже од кариерата, да продаде се што имал во тој момент и да оди во Јужна Африка.
На врелиот африкански континент, 26-годишниот Швајцарец основал „Клуб хукана мипака“ на имот од 300 хектари, каде се грижи за лавови кои се родени во заробеништво. „Хакуна мипака“ е израз кој значи „без граници“.
Во рамките на клубот направен е и посебен простор за други диви животни како зебри, импали, хиени…
Дин Шанјдер така животот го посветил на заштитата на дивите животни. Вели дека како дете, бил фасциниран со животинскиот свет и дека редовно следел документарци за природата. Верува дека луѓето мора да ги почитуваат животните, нивната природа и однесување.
Во својот клуб, научил да ги разбира дивите животни и како што вели, секогаш да се обиде да изгради посебна врска со секој од нив.
Шнајдерсмета дека практично ги образува луѓето покажувајќи ја убавината на дивите животни на својот профил на Инстаграм.