Британецот Дарен Чик одамна ја изгубил надежта дека неговиот миленик папагал ќе се врати откако пред четири години излетал од домот. Меѓутоа, Најџел се вратил, но сега зборува шпански.
Loading...
Најџел е папагал кој исчезнал од домот на својот сопственик во Британија, а во времето на исчеснување користел само англиски зборови. Благодарение на микрочип, пронајден е во Калифорнија, од каде е испратен на својот сопственик.
Птицата е со добро здравје, но сега зборува шпански јазик и повремено прашува за Лери.
Повторната средба на сопственикот и пагапагол била емотивна, Дарен плачел, а папагалот го каснал за прстот.
– Здрав е и весел. Неверојатно. Штом го видов го препознав, рекол Дарен.