Капсула на компанијата „Спејс екс“ за превоз на астронаути на Меѓународната вселенска станица (ИСС) успешно во петок слета на Земјата, јавува Ројтерс.
Со тоа е завршен првиот тест на капсулата во орбитата.
Според првите информации, капсулата слетала во близина на брегот на Флорида.
Капсулата под името „Кру Дрегон“ не е целосно празна, во неа седи осамената кукла „Риплеј“, наведува АП.
Пробниот лет на капсулата, која во иднина ќе превезува астронаути на ИИС, мина без грешки.
По приситнување на ИСС капсулата прв ја испита кандскиот астронаут Давид Саинт кој ја опиша како многу добра, споредувајќи ја со бизнис класата во патничките авиони.
Астронаутите на американската НАСА се надеваат дека компаниите „Боинг“ и „Спејс екс“ оваа година ќе воспостават програма за превос на астронаутите со капсули затоа што досега плаќаа на Русите со нивните ракети да патуваат до ИСС.
Такав начин на патување е воспоставен пред осум години, кога американската шатл програма официјално е укината.
„Спејс екс“ се надева дека ќе започне со превозот до оваа лето.