Три пожари се регистрирани во текот на вчерашниот ден на пошироката територија на кумановско.
Loading...
Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, пожарникарите во период од 09:35 до 10:15 часот вчера најпрвин гаснеле запален смет во близина на Градскиот стадиион.
Околу 14:20 часот, тројца пожарникари се упатиле кон селото Ругинце, каде било запалено трло. Интервенцијата била завршена дури во 17:25 часот.
Контејнер за смет се запалил на улицата „Доне Божинов“, па во 15:05 часот тројца пожарникари излегле на терен и огнот го изгаснале за половина час.