Овие светски понати градби од година во година бележат милиони посетители, но дали некогаш сте се запрашале кое е нивното минато? При посетата веројатно со некои малку познати работи ќе ве запознае локалниот водич, но додека да посетите некоја од нив, еве можност да научите повеќе.
ЕМПАЕР СТЕЈТ БИЛДИНГ (ЊУЈОРК)
Ја граделе нешто повеќе од 3.400 работници, кои неделно ѕидале по четири ката. Затоа не е ни чудо што целата зграда била завршена за 450 дена.

Висока е 381 метар, а се до 1972 година се гордеела со титулата највисока зграда во светот. За нејзината изградба биле потрошени 40 милиони долари, а денешната вредност изнесува неверојатни 637 милиони. Зградата дури има и свој поштенски број, а врвот бил замислен како место каде ќе се „паркираат“ цепелини.
Нема 102, туку 103 ката, но последниот е резервиран исклучиво за ВИП гости, па било кој од нас смртниците тешко ќе пристапу таму.
АЈФЕЛОВА КУЛА (ПАРИЗ)
Симолот на Париз воедно е и една од најпознатите градби во светот. Кулата, направена за Светската изложба во париз, градена е цели две години, а се состои од вкупно 18.000 парчиња железо. По 20 години требало да биде срушена, но градските власти одлучиле да ја задржат поради ангената на врвот која била важна за радискиот сигнал.

Денес без кулата Париз е незамислив, а не само што годишно ја посетуваат милиони луѓе, тука работат и над 600 парижани.
ТАЏ МАХАЛ (АГРА)
За да биде направен, биле потребни 22.000 луѓе, 1.000 слонови, 28 различни видови камења и 17 години. Таџ Махал е познат по својата симетрија, а зависно од периодот на денот, секогаш има различна боја.

Легендата вели дека Шах Јахан на работниците кои работеле на оваа градба им ги вадел прстите и рацете за да никогаш повеќе не можат да изградат нешто толку убаво.
ФОНТАНА ДИ ТРЕВИ (РИМ)
Тешко дека некому не му е позната познатата легенда која кажува дека фрлањето парички преку левото рамо во фонтаната Треви гарантира повторно доаѓање во Вечниот град.

Градските власти немаат ништо против фактот дека туристите ја прифатиле легендата, со оглед на тоа дека секој ден во фонтаната се фрлаат околу 3.000 евра. Значи, годишно оваа фонтана носи нешто над милион евра.
Сите тие пари секојдневно ги собираат работници од Каритас и ги донираат во повеќе од 200 земји.
САГРАДА ФАМИЛИЈА (БАРСЕЛОНА)
Кој и да ја посетил каталонската престолнина, не можел да остане рамнодушен пред изгледот на Светото семејство. Црквата е дело на познатиот архитект Антонио Гауди, а иако изградбата започнала во 1882 година, но истата се уште не е завршена.

Легендарниот Гауди на неа работел четириесетина години, се до својата смрт, а според последните информации, се очекува катедралата да биде завршена во 2025 година.
СТАТУА НА СЛОБОДАТА (ЊУЈОРК)
Можеби и прв споменик на кој помислуваме за САД е секако оваа жена со факел во пристаништето на Њујорк. Статуата на слободата е направен во Франција и претставува подарок од Французите за САД. Колку е голем, доволно зборува фактот што на патот до Америка бил поделен на 350 делови и превезуван со бродови.

Скулптурата претставува римска божица на слободата, а лицето е обликувано според кипаровата мајка. Кога овој споменик би носел „обувки“ би му требал бројот 7801.
ЕРМИТАЖ (САНКТ ПЕТЕРБУРГ)
Еден од најголемите и најубави светски музеи сместен е во царскиот град Санкт Петербург. Во својат аколекција има над три милиони примероци, а тука се и дела на Микеланџело, Леонард, Рубенс, Рамбранд, Ван Гог и Пикасо. За големината доволно зборува следното – кога посетителот на секој експонат би се задржал само една минута, би му требале 11 години да го помине целиот музеј.

Музејот е специфичен по тоа што во него „работат“ и 60 мачки задолжени за чување на музејските простории од глувци.
КРИВА КУЛА (ПИЗА)
Една од најпосетените атракции во светот во деведесетите години од минатиот век била затворена за јавноста затоа што кулата едноставно премногу била накривена, па безбедноста на посетителите била загрозена.

Забележувајќи го тоа, италијанските власти донеле план за обнова и враќање на кулата во положбата која ја имал во 1838 година. Проектот го направил архитектот Микеле Јамоилковски, а кулата е спасена. Целата операција чинела 25 милиони евра.
Од 2001 година повторно е отворена за јавноста, така што социјалните мрежи беа преплавени со фотографии од луѓе кои ја „туркаат“ кулата.