Средношколец од Аркансас Брендон Куалс веќе долго користи модел на ивалидски колички кои се движат рачно. Брендон со количките морал да се спушта и качува по училишните холви и да менува училници, поради што се изморувал и го болеле рацете.
Неговиот пријател Танер одлучил да го направи среќен и две години штедел за да му купи нови колички. Работел со скратено работно време кај локален автомеханичар и заработените пари ги ставал на страна.
Минатиот месец заштедел доволен износ и на својот пријател му купил електрични инвалидски колички.
– Ги донесоа количките и само почнав да плачам. Не можев да верувам дека направив нешто толку убаво за мене. Сонував за такви колички и сега мојот сон се оствари, рекол Брендон.
Кога новинарите го прашале Танер што го инспирирало тој рекол: „Тој навистина секогаш беше добар пријател и сакам да направам нешто за него. Брендон секогаш беше тука, покрај мене“.