Одлуката на Министерството за одржлив развој и туризам (МОРТ) и општината да се отстранат отворените дискотеки е катастрофална, затоа што од метрополата на туризмот и градот кој нуди најдобар летен провод во регионот и пошироко, Будва ќе стане одморалиште за пензионери, смета еден од закупците, Славен Лекиќ.
Во време на сезоната ќе работат само две дискотеки, а отворените дискотеки Малтез, Трокадеро, Амбиенте, Парис, Рафаело и Мајами ќе бидат отстранети, пренесува РТЦГ повикувајќи се на Побједа.
Сите привремнеи објекти во зоната на Морското добро би требало да бидат отстранети до крајот на март, а според договорот, објектите мора да ги отстрани закупувачот.
– Покрајт тие објекти се наоѓаат или се градат хотели со четири и пет ѕвездички и крајно е несериозно да се држи ваква понуда во нивна близина, се наведува од МОРТ.
Се додава дека министерството е подготвено, доколку постои интерес кај бизнисмените, со нив и општината да пронајдат нова локација.
На локацијата на која досега биле отворени дискотеки ќе има зелена површина, а наскоро ќе започне и проектирање на променада од Завала до Авала, која, како шти истакнуваат од минситерството, на една дестинација како Будва е преку потребна.
Сопствениците на дискотеките по усвојувањето на планот, со поддршка на Морско добро, поднеле до МОРТ иницијатива да им се овозможи да работат барем уште оваа сезона затоа што немаат доволно време да пронајдат нови локации.