Пронајдени се две писма на Никола Тесла, за кои се мислило дека се избгубени, а станува збор за писма кои големиот научник ги упатил до Радој Јанковиќ, генералниот конзул на Кралството Југославија во Њујорк.
Во писмата Тесла пишува за Михајло Пупин, неговата болест и сака да го посети во болница, а пронајдени се пред неколку дена и со голем напор откупени од музеј на едно здружение, благодарение на Виктор, Бранислав и Горица Лазиќ како и Александра Нинковиќ Тасиќ, Милош Јанковиќ и списанието Недељник.
Според зборовите на Виктор Лазиќ, основачот на „Адлигат“, овие артефакти се од исклучително значење за срптскат акултура, пишувани со јасно кирилично писмо, а од нив се гледа многу блискиот и грижлив меѓусебен однос на Тесла и Пупин.
– Писмата на повеќе начини ја менуваат познатата историја на односот помеѓу овие двајца научници и ја потврдуваат нивната блискост, додека во целост се демантира приказната за мирењето на посмртната посетал на Пупин, бидејќи е очигледно, дека во моментот на пишува на писмата, три месеци пред смртта на Пупин, конфликтот помеѓу нив двајцата не постоел, туку сале да се сретнат што побрзо, вели Лазиќ.
Писмата ќе бидат достапни за истражувачите во просториите „Адлигат“ од понеделни, а здружението очекува помош од надлежните институции на нивната конзервација и заштита.