Една корисничка на Имгур, горда е на своите резултати и објави фотографии пред почетокот на диетата и откако успешно ослабнала неверојатни 50 килограми и тоа за само 10 месеци.
Со фотографиите објавила и рецепт со помош на кој успеала да го симне вишокот килограми.
– Јас не сум лекар, само споделувам со вас што ми помогна, напишала таа.
„Јас се одлучив за кетогена исхрана. Внесувам околу 20-25 нето јаглехидрати дневно. Всушност, кога вашето тело не може да користи јаглехидрати мора да согорува масти. Меѓу 90 и 95 отсто од моето внесување на јаглехидрати доаѓа од зеленчук, со голема количина протеини од пилешко и говедско месо. За оние кои бараат причина или мотивација – само почнете и не се лажете. Фрлив се од дома и не се свртев. Шлаканицата која ме отрезни беше кога застанав на вагата и сфатив дека имам 30 килогрмаи повеќе од што мислев. Ќе си бидете благодарни за 10 месеци. Верувајте ми. Планирам да изгубам уште килограми (има доста од мене се уште).
Што е кетогена исхрана?
Кетогена исхрана подразбира мени во кое максимално се намалува внесувањето јаглехидрати во текот на денот. Исклучителната популарност оваа диета стекнала благодарение на можностите бргу да се губат голем број килограми. Нејзиното мени се базира на мало внесување калории, а притоа се јаде храна богата со протеини.
Како функционира?
Кога на организмот ќе му го огрнаичиме внесувањето на шеќери (јаглехидрати) телото црпе енергија од кетони, кои доаѓаат од постоечките масни наслаги. На тој начин, се топат мастите, кое телото ги користи како енергија која ни е потребна во текот на денот. Сепак, за да дојде до тоа, важно е внесувањето на протеини да ги задоволува дневните потреби, бидејќи ако не е така, започнува процес за разградување на мускулното ткиво.
Што смее да се јаде?
Од месо е прифатливо скоро се: пилешко, телешко, говедско, месни преработки и др.
Сета риба е дозволена вклучително скуша, лосо и туна
Млеко и млечни производи како јогурт и сирење исто така се дозволени
Од зачини можете да користите алева пиперка, бибер, сол, соја сос и сенф. Пожелно е да се користи и ленено и маслиново масло.
Важно е да се нагласи дека лебот никако не смее да се консумира за време на оваа диета.