Кајли Џенер стана најмладата милијардерка во светот која профитот го создала со основање на своја компанија, објави Форбс.
Loading...
Како што пренесува ВВС, најмладата членка на семејството Кардашијан богатството го стекнала со продажба во рамките на нејзиниот бренд за козметички средства.
Џенер (21) е основач и сопствеик на „Кајли Козметикс“ која постои три години и која минатата година оствари профит во вредност од 360 милиони долари.
Таа го собори рекордот на основачот и сопственик на социјалната мрежа Фејсук Марк Зукерберг кој стана милијардер на 23 години.
– Не очекував ништо, не можев да ја предвидам иднината. Но ова признание навистина ми годи, тоа е добар потсетник за понатамошниот пат, рекла Џенер за Форбс.