Садови криени со векови откриени во мексиканска пештера

Сподели со своите пријатели

Мексиканските археолози при Националниот институ за антропологија и историја објавија дека пронашле пештера во светилиштето Маја Чичен Ици, во кое откриле околу 200 керамички садови во скоро недопрена состојба.

Loading...

Садовите, како што наведуваат експертите, датираат од период околу 1000 година пред наша ера и содржат делови од коски и запалени материјали, кои се предадени на анализа, пренесува АП.

Археологот Гијермо де Анда објаснува дека истражувањето на пештерата започнало минатата година, откако локалните жители им кажале за неа, а се испоставило дека тие за неа знаеле веќе 50 години, но за тоа молчеле, најверојатно за да ја заштита.

Околу 155 керамички садови имале слика од богот на дождот Тлалок, кој е почитуван во централниот дел на Мексико.

Се додава дека Маите имале свој бог на дождот Чак, како и дека веројатно го прифатиле богот Тлалок пред хиспанските народи.

Де Анда истакнал дека древните Маи морале да ползат низ исклучително тесна пештера за да положат дарови во повисоките простории на пештерата, како и дека тие дарови веројатно биле принесувани на богот за да се предизвика дожд.

За да влезете во пештерата, би морале да ползите бидејќи влезот е висок само 40 сантиметри.

Пештерата, наречена Баламку се наоѓа на околу 2,75 километри источно од главната пирамида Кукулкан, познати и како Ел Кастиљо.

Loading...

Според Де Анда, тој и неговиот тим го истражуваат Чичен Ица за да утврадт руди и места од подземнито систем на води, затоа што се смета дека под храмовите и пирамидите има бројни неоткриени езерца.

Leave a Reply