Добитник на американската лотарија Мега милиони, кој уште во октомври освоил 1,5 милијарди долари, по пет месеци конечно им се јавил на надлежните, барајќи да му се исплати во готово сума од околу 877 милиони долари, соопшти Комисијата за лотарија од Јужна Каролина.
Добиникот сакал да остане анонимен, а службените лица во јавноста само го нарекле „Јужнокаролинец“.
Тој можел да бира дали ќе му биде исплатен џекпотот од милијарда и пол долари во 29 годишни рати или веднаш во кеш 877 милиони долари.
Тој ја избрал втората опција, што всушност е најголема исплата на џекпот добитник поединец во американската историја, рекла Комисијата за државна лотарија.
Местото на кое е продадено ливчето исто така ќе добие награда од 50.000 долари, а државата Јужна Каролина ќе има приход од 61 милиони долари од данок на добивка.
Ливчето е продадено во октомври, а добитникот имал рок до 19 април да ја пријави добивката