Стан изгоре во пожар во центарот на Куманово, а уште две други интервенции вчера бележат кумановските пожарникари.
Loading...
Петмина пожарникари го гаснеле запалениот стан лоциран на улицата „11 Октомври“ во период од 14:30 до 15:10 часот. Како што стои во извештајот на Регионалниот центар за управување со кризи, причинета е само материјална штета.
Во атарот на селото Орашац во период од 15:10 до 18:25 часот тројца пожарникари гаснеле запалена сува трева, а иста интервенција екипа од ТППЕ Куманово бележи и покрај автопатот во близина на селото Романовце.