Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 12 до 18 степени.
Loading...
Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, утре кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има зголемена облачност, а во западните и северните делови со повремени врнежи од дожд. Потоа следува период на стабилно и многу топло време за овој период од годината.