Индонезиските власти ги забранија овие песни поради „порнографска“ содржина

Сподели со своите пријатели

Индонезиските локални власти објавија список со песни кои се забранети во округот Вест Јава поради, како што навеле, порнографска содржина.

Loading...

– Текстовите на овие песни содржат порнографија и разврат – се наведува во објаснувањето.

Радиодифузното тело на оваа индонезиска провинција составило список од 85 песни кои се забранети за емитување, а меѓу кои и „Shape of You“ од Ед Ширан.

Емитувањето на песните од овој список е дозволено исклучително од 10 навечер до три наутро.

Меѓу спорните песни се најдоа и хитовите на Аријана Гранде „Love me harder“, како и “That’s what I like“ од Бруно Марс.

– Во овој случај не би рекол дека се забранети песните, туку нивнито текстови кои содржат порнографија и разврат, рекол заменикот претседател на редиодифузното тело на Вест Јава, Рахмат Африн.

Leave a Reply