Погачите со спанаќ се идеален оброк кој можете да го понесете и на работа или бргу да го стполите во микробрановата, кога од работа ќе се вратите уморни и гладни.
Се што ви е потребно:
- Пакување лиснато тесто
- Маслиново масло
- Главица црвен кромид
- Праз
- 2 чешниња лук
- 500 г спанаќ
- 2 јајца
- 30г фета сирење
- Половина исцеден лимон
- Сусам
Подготовка
Лукот и црвениот кромид исечкајте ги ситно, па динстајте ги на малку маслиново масло. Додадете го исечканиот лук и динстајте уште неколку минути. Додадете спанаќа и динстајте додека водата не испари.
Динстаниот зеленчук измешајте го во сад и додадете едно јајце, сок од лимон и сирење. Се добро измешајте и оставете да отстои.
Рерната поставете ја на 200 степени. Тестото развлечето го со дебелина од околу 5-6 сантиметри и на 4 дела поделете го со нож.
На секое парче тесто ставете мешавина спанаќ и сирење, па преклопете со другата страна. Погачите на краевите притиснете ги со вилушка за да се затворат.
Изматете го преостанатото јајце и премачкајте ги погачите по врвот, сипете сусам и печете додека тестото не стане румено.