Зошто трудниците имаат силна желба за храна?

Сподели со своите пријатели

Трудниците често не внимаваат што јадат па можете да ги забележите како прават чудни комбинации како чипс со кисела павлака. Понекогаш навистина имаат чуден апетит, па можете да ги видите и како јадат краставици па сладолед или пример бабани со кечап, што била и потреба на познатата пејачка Бијонси. Имено, трудниците се подложни на глат и тоа поради хормоните.

Loading...

Лаурен Хајес, мајка од Висконсин, открила дека имала незаситна потреба за сладолед кога го очекувала своето второ дете. Меѓутоа, тоа не бил обичен сладолед. Сакала само кремаст сладолед од ванила кој можел да се купи во одредени продавници.

– Морав да ја изведам својата едногодишнаќерка на дожд само за да го добијам тој сладолед. Беше толку лудо. Додека бев трудна со неа немав такви потреби, но во втората бременост не можев да престанам да размислувам за тој сладолдед, рекла Хајес.

Имено, научницте истражувања покажуваат дека трудниците тежнеат кон храна богата со калории и маснотии. Иако точната причина не е позната, изгледа дека постои хормонска врска.

Имено, др. Јолен Брајтен објаснува дека женските полови хормони се менуваат во текот на бременоста.

– Кај трудниците ниското ниво на допамин предизвикува да чезнеат кон се. Допаминот е хемиска врска која е во ценралниот и периферниот нервен систем и делува како невротрансмитер. Се лачи од хипоталамусот, а делува како хормон на инхибиција за лачење пролактин од хипофизата. Поради тоа жените често во бременоста размислуваат дека јадат храна која е богата со маснотии и калории, затоа што таа го крева нивото на допаминот и поради тоа се чувствуваат добро, рекла таа.

Кога нивото на допаминот опаѓа за време на бременоста, жените можат да бидат склони кон потрага по храна која повторно ќе го крене. Одеднаш храната за која не сте размислувале со години може да доминира во вашите фантазии за ручек.

Постои и теорија дека трудниците сакаат храна која им дава хранливи материи кои им недостасуваат.

Loading...

Leave a Reply