Руски теретен брод удрил во мост на две нивоа на брегот на Јужна Кореја затоа што капетанот бил пијан, соопштуваат надлежните власти.
Во текот на бизарната несреќа немало повредени, но делниците на познатиот мост Гванган во Бусан морале да бидат затворени од безбедносни причини.
Инаку, според закон не е забрането да се консумира алкохол на брод, но забрането е да се плови, односно управува со брод за време на пијанство.
Иако се уште е нејасно дали капетанот бил зад кормилото за време на судирот, се знае дека бродот одел во спротивен правец од планираното, а капетанот имал повисоко ниво алкохол во крвта од дозволеното.
Истиот брод, Сигранд, наводно веќе удрил во еден крузер еден час пред да удри во мостот.
Крајбрежната стража на Јужна Кореја соопштила дека бродот направил дупка на долниот понтон на мостот од околу 4,5 метри.