Се ближи крајот на работите на архитектонскиот бисер „Рефлс сити“ во кинескиот град Чунгкинг.
Проектот кој го осмилил светски познатиот архитект Моша Сафди содржи 1,12 милиони квадратни метри простор, а се состои од осум станбени кули и џиновски мост, која наречен „хоризонтален облакодер“.
Долг е 250 метри, а кога ќе биде отворен ќе има голема галерија од која ќе се пружа поглед на целиот град, врвотите, „инфинити“ базен и бројни ресторани.

Како сето тоа да не е доволно, ноќе ќе се претвора во огромна лампа, осветлувајќи го небото во спектакуларни снопови.
Во комплексот ќе има и трговски центар со површина од 230.000 квадратни метри, 1.400 станбени апартмани, луксузен хотел и 160.000 квадратни метри раскошен бизнис простор.
