Една змија во обувки во патнички куфер пропатувала три континенти и минала околу 15.000 километри на патување од Австралија кон Шкотска, пишуваат австралиските медиуми.
Неотровниот џуџест питон е пронајден во обувките на Морја Боксал која се вратила од летниот одмор од Австралија, пренесува австралиски АВС.
Пол Ерли, нејзиниот зе, кој со семејството живее во градот Макају во Квинсленд, за австралиската телевизија рекол дека питокот сокриен во обувките во куферот бил големо изненадување.
– Морја не очекувала дека ќе ја пронајде змијата која ја распакувала торбата по враќањето дома во Шкотска. Неверојатно е што џуџестиот питон пристигнал од Макао до Глазгов, а никој да не забележал. Змиите во Шткотска се непознати, како снегот за жителите на Квинсленд, се пошегувал Пол.
Не само што змијата минала 15.000 километри, туку на патувањето во обувките преку три континенти ја отфрлила кожата.
Змијата моментално се наоѓа во карантин во Шведска.