Научници од Универзитетот Лома Линда (САД) пронашле врска помеѓу консумирањето нездрава храна и менталните пореметувања, а дел од истражувањето е објавено на сајтот „Медикал експрес“.
Во текот на експериментот научниците анализирале податоци добиени од повеќе од 240.000 телефонски анкети кои биле спроведени помеѓу 2005 и 2015 година во рамките на повеќегодишното истражување на здравствената состојба во Калифорнија.
Експертите откриле дека лицата кои во исхраната користат повеќе нездрава храна почесто пријавувале ментални пореметувања во споредба со оние кои се хранат позраво. Лекарите дошле до заклучок дека скоро 17 отсто од испитаниците патат од ментални пореметувања, од што 13,2 отсто умерено, а 3,7 отсто тешки ментални заболувања.
Утврдено е дека зголеменото внесување на шеќери е поврзано си биполарното пореметување, а дека консумирањето на доредени житарици и пржена храна, која содржи голема количина на шеќери, се врзува со допресијата.
– Ова, како и другите истражувања, можат да бидат многу важни за терапијата во областа на бихевиоралната медицина, истакнал професорот Џими Бант, кој го водел истражувањето.
Според него, дошло време кога лекарите мора внимателно да го проучат влијанието на брзата исхрана врз менталното здравје.меѓутоа, за да даде конечен одговор на тоа прашање, потребно е да се направат дополнителни истражувања, додава научникот.
Бант заклучува дека резулатите од анализата се приближни со слични истржаувања кои се спроведени и во други земји.