Овие птици се зависни од опиум и не може да им се застане на патот (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Јато папагали, за кои се верува дека се зависни од опиум, пустошат полиња со мак во Индија.

Loading...

Се појавиле и снимки од централната покраина Мадја Прадеш на кои се гледа необичното однесување на птиците додека отвораат чаури за да дојдат до психоактивни супстанци.

Тие научиле да чекаат фармерите да ја зарежат надворешноста на чаурата, поради побрзо зреење, што им го олеснува пристапот во ткитовото полно со морфиум. Тогаш тивко доаѓаат и полека со клунот го носат пленот.

Јатото „пердувести зависници“ така ги пустошат најдобрите посеви за кои е потребна и посебна дозвола.

Експерт од блискиот Факултет за хортикултура др. Р.С. Чундават вели дека птиците кога вакво нешто ќе искусат добиваат моментален налет на енергија и многу бргу стануваат зависни.

Leave a Reply