Оваа држава наскоро воведува забрана за пелени за еднократна употреба

Сподели со своите пријатели

Малата островска пацифичка држава Вануату објави дека планира да ја забрани употребата на едконкратни пелени за да на тој начин значително се допринесе за намалување на загадувањето.

Loading...

Исто така, Вануатската влада објави дека планира да го забрани пластичниот прибор за јадење, полистиренските чаши и сета пластична прехрамбена амбалажа.

Истражувањата покажале дека еднократните пелени го сочинуваат најголемиот поединечен отпад во главниот град Порт Вили.

– Само елиминацијата на тој артикл диспропорционално ќе го намали пластичниот отпад, порачала владата на оваа нација која брои 200.000 жители.

Вануату е една од неколкуте тихоокеански држави тешко погодени од ефектите на климатските промени и се гордее со тоа што е меѓу водечките во светот во настојувањето да ја заштити животната средина. Минатата година била една од првите во светот која забранила пластички ќеси. Забраната за употреба на еднократни пелени би требало да стапи на сила на 1 декември оваа година.

Еднократните пелени се еколошки проблем затоа што се обложени со неразградлива пластика и содржат натриум полиакрилат за впивање на течноста.

Воедно, човечкиот измет содржи оксиди кои се штети за животната средина ако не минуваат низ канализациските цевки, со што се минимизира нивното дејство, а со тоа произведувачите на пелени допринесуваат и за емисијата на јаглерод диоксид.

Британскиот министер за заштита на животната средина Мајкл Гоув морал минатата година да се откаже од идејата за забрана за еднократните плени под притисок на активистите кои сметаат дека тоа би бил чекор назад за жената, на која веројатно би паднал теретот од напорното перење алишта.

Loading...

Но, тоа не е единствениот проблем. Производството на пелени е огромен бизнис. Се проценува дека на годишно ниво во светот се трошат 500 милијарди.

Истражување на американската компанија за испитување на пазарот „Гранд вју“ покажало дека глобалниот пазар за детски пелени со вреднсот од 45 милијарди долари во 2016 година, ќе порасне на 64,5 милијарди во 2022 година поради растот на побарувачката во Кина, Индија и Бразил.

Leave a Reply