Загонетната насмевка на Мона Лиза во текот на овој викенд се појави над германската престолнина Берлин, откако локалните уметници направиле огромна верзија на ремек делото на познатиот Леонардо да Винчи.
Loading...
Портретот висок повеќе од 16 метри и широк 11, се протега на околу 170 метри квадратни ѕид од хотелот кој се наоѓа спроти култната берлинска „East Side Gallery“, серија мурали насликани на остатоци од Берлинскиот ѕид.
На најпознатиот модел во светот вчера е направен и без „фејслифтинг“ откако во првата верзија познатата муза на Леонардо изгледала како да лиже бомбона.
Поради тоа скелето повторно било кренато, а локалните уметници го корегирале образот, па сега можат да и се восхитуваат сите минувачи.
