Се жалиме дека зимата предолго трае и дека повеќе не можеме да го поднесеме студеното време. Но, дали знаете кое е најстуденото место во светот?
Најиската температура некогаш забележана на Земјата е -89,2 степени, на Восток станицата на Антарктикот, 1983 година. Најстудениот населен град е Јакутск, престолнината на Република Јакутија, во Русија (некогашен дел од Сибир).
Таму просечната јануарска температура е околу -40 степени, а некогаш се спушта и до -64 степени.
Жителите, нив 200.000, научиле како да се борат со студенилото. Никој не носи очила со метални рамки, затоа што би им се залепиле за лицето и ќе им ја расечат кожата, а автомобилите ги оставаат да работат нон-стоп, за да моторите не се расипат.
Јакутија е пространа скоро колку и Индија, и да е независна држава, би била осма по големината во светот. Но, не е доволно населена – дом е за помалку од милион луѓе.