Во Полициското одделение Ранковце, вчера оолу 18:30 часот Д.В.(36) од Крива Паланка пријавил дека на 21.02.2019 година во 18.45 часот во продавница во село Ранковце непознато лице пуштило во оптек банкнота од 100 евра, за која се сомнева дека е фалификат.
Loading...
Како што информираат од полицијата, лицето купило две штеки цигари за 1800 денари и му бил вратен кусур од 4300 денари. Со потврда за привремено одземени предмети банкнотата била одземена за понатамошна постапка.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.