Саманта Симпсон (19) јавно истапи против оние кои нејзиниот сопруг го нарекуваат киднапер на деца, што секојдневно се случува поради фактот дека се омажила за човекот кој е дури 43 години постар од неа.
Со 62-годишниот изабраник минатата година ги запознале заеднички пријатели и многу брзо одлучиле да се венчаат.
– Имавме доволно проблеми и со тоа семејството и пријателите да ја прифатат нашата врска. Често излегуваме и поголемиот дел од луѓето првин мислат дека сме дедо и внука, но кога ќе сфатат дека сме во брак, започнуваат да го навредуваат мојот сопруг. А ние само би сакале луѓето да сфатат дека сме сериозни и среќни заедно. Луѓето навистина не би смееле така лесно да судат, вели Саманта.

Додава дека кај запознавањето со ЈР „паднала“ на неговиот изглед и фактот дека тој се однесува како вистински џентлмен, многу посериозно отколку мажите со кои дотогаш се дружела.
– Со него е целосно поинаку отколку со било кој маж со кој сум била досега. Од првиот ден ме третира како кралица и со почитување и се однесува добро, раскажува Саманта за тоа што ја освоило кај сопругот.
Затоа не чуди што, откако нејзиното семејство не го прифатило поради големата разлика во годините, одлучила да се исел од родителите. Пронашла стан во Беривил, Аркансас, каде наскоро ќе и се придружи и пензионерто ЈР. Веднаш се свршиле.

Се венчале на 8 јануари минатата година и од тогаш живеат среќно и работат на бебе. Имено, иако ЈЕ има дете од претходниот брак, чувствуваат дека нивната врска не е целосна без дете.
Среќата на Саманта и ја нарушуваат само злобдните коментари на луѓето кои не ги познаваат. Но, се надева дека и тоа ќе престане кога еден ден ќе добијат бебе, затоа што луѓето тогаш ќе сфатат дека навистина мислат сериозно.