Пет причини зошто е добро да се има куче

Сподели со своите пријатели

Секој кој некогаш минал макар кратко време со куче е свесен колку овие животни прават да се чувствуваме подобро.

Loading...

Ако имате во своето опркужување некој кој не е љубител на кучиња, ви претставуваме неколку научно потврдени факти со кои ќе ги натерате да го променат мислењето.

Кучињата не’ засмејуваат

Луѓето кои имаат кучиња повеќе се смеат, пкоажала студија објавена во списанието „Society&Animals“. Истражувачите испитувале колку често се смеат луѓето кои имаат кучиња, мачки, двата миленици или ниту еден. Треба ли да се каже дека најчесто се смееле оние кои имаат и куче и маче?

Кучињата се верни

Кучињата се со нас повеќе до 30.000 години. Еволуирале од волците кои развиваат силна врска со членовите на чопорот. Таа поврзаност ја пренеле и на односот помеѓу кучето и човекот.

Сопствениците на кучиња се подружељубиви

Истражување во Велика Британија покажало дека луѓето кои имаат кучиња почесто среќаваат други луѓе и запознаваат нови пријатели. А, кучињата се одлична тема за започнување разговор.

Loading...

Кучињата ни го чуваат здравјето

Децата родени во домаќинства со куче имаа помал ризик од појава на астма и алергија. Нивното друштво, исто така, го намалува стресот и го ублажува чувството на осаменост.

Поактивни сме со кучињата

Дебелината е еден од големите здравствени проблеми на денешницата. Истражувањата потврдиле дека луѓето кои имаат кучиња се поактивни и физички поподготвени затоа што мораат редовно да шетаат со своите миленици.

Leave a Reply