Американската воена корпорација „Lockheed Martin“ претстави нов авион Ф-21 кој ќе биде направен само за војската на Индија.
Loading...
Како што се наведува во соопштението, склопувањето и стартувањето на новиот авион ќе се прави на територијата на Индија заедно со индиската корпорација „Тата“, но дел од деловите за авионот ќе бидат испорачани од САД.
Како што се наведува, новиот авион ќе и овозможи на Индија да се „интегрира во најголемиот светски екосистем на ловци и ќе овозможи соработка со најголемата компанија во сферата на одбранбеното вооружување“.