Го наполнила резервоарот па го оставила отворено своето „Фиќо“ (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Александра Хеѓи од Нови Сад направила нешто што досега никој не се осмелил да го стори, и тоа наводно поради револт кон соседите.

Loading...

Таа својот афтомобил марка „фиат 500“ го оставила на средина на улицата, го наполнила резервоарот со гориво, ги отворила сите врати, а клучевите ги осватила во возилото и на соседите им напишала со него да прават што сакаат.

Фотографијата и објаснувањето ги објавила на својот Фејсбук профил.

– Драги соседи, еве ви го мојот Фиќко па правете со него што сакате. Ми ги дупнавте гумите два пати, ги кршевте брисачите, симнувавте табличките, шаравте со спреј, гребавте со клучеви, утринава пајакот ми го одвезе миленикот и уште комуналниот инспекто излегол на терен да ми напише прекршочна пријава, а имам годишна паркинг карта. За жал не можам да се доближам до зградата и паркинг местото во дворот, затоа што градежните работи по план траат само 180 дена. Браво за тоа, клучевите се во колата, резервоарот е полн, ма ужвиајте. Ве сака сосетката од Толстоева, напишала таа.

Овој гест предизвикал бројни коментари од нејзините пријатели и следбеници на Фејсбук, а многумина ја прашале дали некој го собрал автомобилот.

– Она што е на доват на рака, не е интересно, напишала сопственичката одговарајќи за тоа што се случило со возилото.

Leave a Reply