Јужнокорејскиот Самсунг и американскиот Ејпл се повеќе губат удел на светскиот пазар на паметни телефони поради кинескиот Хуавеј кој потрошувачите го преферираат поради значително пониските цени на премиум моделите, покажало последното истражувањ.е
Пазарните податоци кои ги објавила технолошко-истражувачката компанијата Гартнер покажале дека уделот на Хуавеј на пазарот се зголемил во година дена за повеќе од четири отсто, на скоро 15 отсто во последниот квартал на 2018 година.
Самсунг и Ејпл и натаму го држав второто првото и второто место на пазарниот удел, со 17, односно 16 отсто. Но, двете компании изгубиле пазарен удел во четвртиот квартал на годишно ниво, Самсунг приближно еден, а Ејпл два отсто.
– Ејпл навистина ја губи популарноста поради неколку работи, особено кога е во прашање пазарот како големата Кина, кој вклучува континентална Кина, Хонг Конг, Макао и Тајван. Во Кина водечки кинески играчи значително го подигнаа квалитетот на своите паметни телефони, рекол вишиот диретктор за истражувања во Гартнер, Аншул Гупта.
Ејпл во четвриот квартал на 2018 година продал вкупно 64,5 милиони Ајфони. Тоа е намалување за 12 отсто во однос на истиот период лани, што претставува најголем квартален пад на испораката на овие уреди на годишно ниво од првиот квартал во 2016 година.
– Кога ќе ги погледнете водечките паметни телефони Хуавеј, Опо или Виво, тие имаат карактеристики кои можат да се најдат и во водечки телефони на Смасунг и Ејпл, но во исто време цените се прилично ниски, рекол Гупта.
Додал дека Ејпл Ајфон и Самсунг Галакси имаат „маргинални подобрувања“ во текот на секој циклус.
Заедно со малопродажбата цена од приближно 1.000 долари за нивните најдобри уреди, потрошувачите се повеќе се свртуваат кон поевтини уреди како Хуавеј и други кинески брендови кои нудат слични спецификации, додава тој.