Остатоци од кашест снег на дел од патиштата во државата

Сподели со своите пријатели

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со остатоци на кашест снег на коловозот по интервенција на нашите дежурни екипи, информираат од Јавното претпријатие „Македонија пат“.

Loading...

Врнежи од снег со среден интензитет се бележат во Крушево, Маврово, Струга и на планинските превои Ѓавато и Плетвар, а со послаб интензитет на планинските превои Стража, Пресека, во Дебар и Кичево.

На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

ЈП „Македонија пат“ апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

фото: архива

Leave a Reply