Владина делегација на одбележувањето 147 години од раѓањето на Гоце Делчев (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Делегација на Владата на Република Македонија, предводена одзаменик претседателот на Влада на РМ и министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, придружуван од министерот за образование и наука, Арбер Адеми, и заменик министерот за култура Владимир Лазовски, денеска положи свежо цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата Свети Спас, по повод 147 години од неговото раѓање.

Loading...

Со овој чин, Владата на Република Македонија им се придружи на настаните со кои денеска граѓаните на нашата држава оддаваат почит кон делото на големиот револуционер Гоце Делчев, предводник во борбата и заложбите за македонска државност и за слободна земја, интегрирана во напредната заедница на народите.

Идеалите и заложбите на големиот визионер Гоце Делчев се наша заедничка обврска за единство и сплотеност во политичките предизвици, и со искрена и максимална вклученост на сите општествени чинители и граѓани, велат од прес службата на Владата.

Leave a Reply